Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во Вардар пронајдено телото на 18-годишното момче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1280px-Vardar_Veles_Macedonia

— реклама —

Утрово околу 10 часот од водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране, пронајдено е и извлечено телото на машкото лице кое  беше пријавено вчера попладне, дознава Гостиварпрес.мк.

На местото акде што е пронајдено безживотното тело на 18-годишното момче увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а телото е предадено на обдукција, за да се утврди идентитетот, дали врз него има траги на насилство.

— реклама —

Случајот беше пријавен вчера околу 16 часот од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го забележал телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања