ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во Велес првото бебе во 2021- женско - мајка се породила сама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bebe

Во дом на улица „Максим Горки” бр 80 во Велес, синоќа во 21:30 е родено првото бебе во Велес годинава од мајката Симона Панова (23). Мајката сама се породила дома и на свет донеле здраво и живо женско бебе тешко 2,980 кг и долго 51 сантиметар.

— реклама —

Била повикана Итна медицинска помош и д-р Марјан Мишев кои само констатирале дека бебето е веќе родено и по што бебето и мајката биле транспортирани со возило на Итна помош на Гениколошко –акушерското одделение при велешката Општа болница,информира за МИА, д-р Василка Панова Поп Стефанова началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Како што информира за МИА д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница мајката и бебето од доцна синоќа се сместени на нивното Гениколошко – акушерско одделение и двете се во добра здравствена состојба.

— реклама —

Инаку на 23 годишната Симона Панова и нејзиниот сопруг Љупчо Митров ова им е прво бебе.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања