Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ешерихија коли и други бактерии има во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarym0voqs182q21aDyEwye
ФБ / Општина Кривогаштани

Жителите на Крушеани не треба да ја користат водата од јавната чешма со кисела вода за пиење, соопшти Општина Кривогаштани.

Според извештајот за здравствената исправност на водата, издаден од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп на 6 август 2026 година, анализираниот примерок не ги исполнува условите за безбедна вода за пиење.

— реклама —

Во водата е утврдено присуство на бактериите Escherichia coli, intestinal enterococci и Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен вкупен број на колиформни бактерии.

— реклама —

Дополнително, анализата покажала зголемено присуство на манган и нитрити, пониска pH-вредност, поради што водата не смее да се користи за пиење.

— реклама —

Од Општина Кривогаштани ги известуваат сите корисници на јавната чешма да ја почитуваат препораката и да не ја користат водата за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања