СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Б.(28) и Д.Ф.(40), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 12.12.2018 на патот Неготино – Штип, во патничко возило управувано од второпријавенот, првопријавениот им овозможил на Д.Ф. и уште едно лице, да конзумираат марихуана.
Во близина на Кочани, при преглед на наведеното возило, полициски службеници пронашле и одзеле кеса со 236 грама марихуана.