Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите, апелира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uciliste

Во време на сериозна економска и енергетска криза наставата на учениците не смее да трпи, а училиштата не смеат да се затвораат, апелира СДСМ

— реклама —

„Тоа е особено важно откако две учебни години поминаа во комбинирана модел на настава или настава од далечина.

— реклама —

Државата е подготвена и има капацитет да помогне, но општините се тие кои мора да ги редефинираат приоритетите, со цел да обезбедат непречено одвивање на наставниот процес.

— реклама —

Преку домаќински, одговорен пристап, општините да се постават за интересите на учениците, наставниците и образовниот процес.

— реклама —

Во време на глобална економска и енергетска криза, важно е одговорното управување со финансиите, општините да ги искористат сите свои капацитети за да обезбедат нормално функционирање на наставата во зимскиот период“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања