Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ покажува постојана грижа за сите категории граѓани, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuzeska

Заради заштита на стандардот на граѓаните и спречување нови ценовни шокови, од денеска ограничена е маржата за основните прехранбени производи, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Од денеска па се до 30 септември за леб, шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо.

— реклама —

За брашното, јајцата, македонскиот ориз и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.

Со оваа одлука се ограничува растот на цените на овие продукти во наредните месеци, со што се штити стандардот на граѓаните.

— реклама —

Веќе од денеска сите производители и дистрибутери треба да формираат нови цени кои ќе им ги дадат на супермаркетите и согласно тие нови цени ќе следува поевтинување на овие производи.

Во време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ покажува постојана грижа за сите категории граѓани.

— реклама —

По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, што сега е во собраниска процедура, следуваат нови прилагодени мерки за поддршка на оние граѓани на кои помошта им е најпотребна.

За два месеци од сега, во септември следува раст на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори, како и рекорден раст на пензиите согласно новата методологија.

— реклама —

Преку ефикасни и навремени мерки и политики успеваме економијата да ја задржиме на стабилни основи, а повеќе пари да завршуваат кај граѓаните.

Продолжуваме со вистинска грижа за нашата економија, за нашите сограѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања