Во вторник истекува рокот за парична помош за првачиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Заклучно со 15 септември (вторник) завршува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром.

— реклама —

Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 2 750 000 денари.

— реклама —

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

— реклама —

Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:

- Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;

- Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;

- Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид;

- Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

Барањата можат да се поднесат заклучно до 15 септември 2020 година во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања