Холандската полиција соопшти дека во градот Дордехт дошло до пукање во семејна куќа , при што се убиени три лица. Полицијата објави и дека едно лице е тешко повредено. Според медиумите , околу 17.30 часот на местото на трагедијата пристигнале полициски хелкоптери и возила на итна помош.
Холандскиот портал Телеграф дознава дека станува збор за семејна драма во која полицаец пукал кон членовите на семејството и на крајот си го одзел животот. Тие додаваат дека овие информации ги потврдил извор близок до истрагата.
Според првичните информации полицијата била повикана поради две исчезнати деца, кои подоцна биле лоцирани. Не се знае дали тие биле поврзани со пукањето. Инцидентот се случил во мирна населба.
Според други холандски медиуми кои се повикуваат на извори од соседите, тројцата загинати се полицаец, кој пукал кон неговото семејство и на крајот се самоубил. Додаваат дека неговата сопруга и мајката на децата била сериозно повредена.
Полицијата потврди дека тројцата биле мртви, но не соопшти дали се деца.