ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во земјава вкупно заразени од коронавирусот 18 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Шест нови пациенти се позитивни на коронавирусот, а 51 патници кои доаѓале од Барселона во Скопје со лет на „Виз ер“ се во домашна изолација, откако на една патничка и е дијагностициран коронавирусот, истакна предмалку на прес конференција минситерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Вкупно во земјава заболени од  корона вирусот има 18 лица. Новозаболените од Дебар, 5 пациенти се со лесна клиничка слика и остануваат да се лекуваат во болницата во Дебар. Еден од позитивните на коронавирус е патничка која допатувала од Барселона.  Останатите пет пациенти се од Дебар и биле во контакт со претходно заболените.

„Денеска се тестирани вкупно 12 лица, 8 во претпладневните, останатите во попладневните часови. Позитивни на коронавирусот се 6 лица. Една пациентка која стигнала со авионот на ‘Визер’ од Барселона, била свесна дека качила температура, патувала со заштитна маска и ракавици и сама се јавила на пунктот на аеродромот. Изолирана е, однесена е на Клиника за инфективни болести и тука е земен материјалот. На сите други 51 патници во авионот, дадено е решение за домашна самоизолација, односно здравствен надзор. Тоа значи дека во нашата земја има вкупно 18 пациенти кои имаат коронавирус“, рече Филипче.

— реклама —

На Клиниката има 13 пациенти, а петте нови од Дебар ќе останат дебарската болница, согласно планот за третман за новодијагностицираните лица во овој регион. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои можат да ги лекуваат овие пациенти, тие се со сосема лесна клиничка слика, налик на настинка. Од следните денови, уште еден специјалист ќе биде присутен во Дебар за да се појача капацитетот во однос на кадарот“, рече министерот за здравство.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/1833102110159558/?v=1833102110159558&notif_id=1584107080367194&notif_t=live_video

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања