Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВО ЖИВО: ДУИ за првпат на „Претрес“ – Беџети за Ахмети, Груби, судството, „нашите и вашите“, УЧК, изборите...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryq03a37oir6fn6bur6kl

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

— реклама —

Четвртата сезона на „Претрес со Ландов“ започнува вечерва со Блерим Беџети, пратеник од Европскиот фронт, поранешен министер за правда и поранешен градоначалник на Сарај. Тој е првиот функционер на ДУИ што гостува во „Претрес“.

Во разговорот се отвораат прашањата што со години ја следат партијата која повеќе од две децении беше дел од власта: од падот на ДУИ и обидите за враќање, до одговорноста за состојбата во судството, институциите и државата.

— реклама —

Беџети ќе одговара за Али Ахмети и најавите за негово повлекување, за улогата на Муса Џафери, Артан Груби и Рамиз Мерко, за односите со Изет Меџити и ВЛЕН, но и за тоа кој би можел да ја преземе партијата по Ахмети.

Пред него се и прислушуваните разговори во кои се зборува за избор на претседател на Врховниот суд, за „наши“ судови и обвинителски места, како и за наводното политичко влијание врз Судскиот совет. Ќе се разговара и за постапувањето во предметот „Монструм“, односите со Сашо Мијалков, Никола Груевски и Зоран Заев, како и за прашањето кој навистина ги носел клучните одлуки додека ДУИ и СДСМ владееја заедно.

Тема е и кривичната пријава против Беџети, поврзана со сомнение за овозможување незаконска корист за фирми во износ поголем од 42 милиони денари. Ќе биде прашан дали станува збор за политичка конструкција, како што тврди, и дали би се повлекол од пратеничката функција доколку против него биде поднесено обвинение.

— реклама —

Во „Претрес“ ќе се отвори и прашањето за компанијата за изградба на станбени и деловни објекти што ја основаа неговите деца. Сопственичка е неговата 21-годишна ќерка, а управител е 19-годишниот син. Беџети ќе одговара од каде потекнува почетниот капитал и дали како долгогодишен функционер им помогнал со контакти, информации или институционални врски.

На маса се и американската црна листа, односот на ДУИ со САД, поддршката за Хашим Тачи, Законот за употреба на јазиците и протестите пред одлуките на Уставниот суд. Ќе се разговара и за националистичкиот наратив, поделбата на „наши“ и „ваши“ и честото претставување на барањето политичка одговорност како напад врз Албанците.

По дваесет години власт, ДУИ денес бара нови избори и најавува враќање. Но пред тоа доаѓаат прашањата: кој ќе одговара за гревовите, кој го контролирал судството и дали зад тврдењето „удираат по нас“ всушност се крие стравот дека се удира по функциите и привилегиите?

Следете го „Претрес со Ландов“ во живо во продолжение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygl8t90d0taufa0rQnIk

(Во живо) Стефан Николоски за откажаното гостување на Тони Михајловски: „Многу ми е криво, со цело срце го поканив“

Студио | пред 2 дена

— реклама —
media-librarykbkidl10mcth07YePmn

(Видео) Кој ќе се смее последен во „Претрес“: Стефан одговара за Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите, арените

Магазин | пред 2 дена

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Македонија | пред 6 дена

media-library2dboi6d0478e3ZPW6jP

(Видео) Јавната обвинителка Раичевиќ не верува дека довербата во правосудството е само 2 отсто: „Ова е еден вид мобинг врз обвинителите и судиите“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања