Неодамна стенд-ап комичарите Александар Михајловски и Антонио Ташковски, објавија видео во кое се осврнуваат на гратис настапот на Бојан Велевски, по што Велевски на стори објави видео во кое ги нарече „деца“.
Михајловски во подкастот објасни дека станувало збор за промотивно видео за нивната стендап-турнеја и дека времето на објавување било само коинциденција.
„Имав една идеја да ставиме стори за промоција на цела турнеја за стендапот и целата работа се погоди да биде на истиот ден кога Бојан го извадил постот на социјалните мрежи за Кочани“, изјави Михајловски.
Тој нагласи дека доколку некој од граѓаните се почувствувал навреден, подготвен е да се извини.
„Да се извинам ако некој се нашол навреден на луѓето од Кочани, и за целата ситуација, и воопшто од Македонија, ако некој се нашол навреден на нив, можам да им се извинам. Вистински, заради тоа што погрешно целава ситуација се протумачи“, рече Михајловски.
Ташковски, пак, истакна дека нивната намера не била да се прави хумор на тема која ги засега луѓето од Кочани.
„Доколку некој се најде навреден и погрешно го разбра тоа кога го објавивме, од срце му се извинуваме. На таа тема не би правеле хумор под ниеден услов“, изјави Ташковски.
На прашањето дали би му се извиниле директно на Бојан Велевски, Михајловски даде поинаков одговор.
„Не, на него не му се извинувам. Он треба да се извини јавно“, рече Михајловски, додавајќи дека според него целата ситуација била извадена од контекст.
Тој посочи дека објавата за нивната стендап-турнеја и објавата на Велевски биле објавени истиот ден, но дека станувало збор за различни содржини и различни намери.
„Ова е тотално извадено од контекст. Се погодуваат сторито и постот да се постираат на истиот ден, а два дена подоцна е „Гола Месечина“. Ова е класична клевета“, рече Михајловски.
Тој додаде дека, според него, ситуацијата можела да биде поинаку разбрана доколку Велевски одговорел на хумористичен начин.
„Стендап пратиме сите, да ни вратеше со било какво видео на хумористичен начин работите ќе беа други. Но ти искачаш, маж на 40 години и лажеш, и на крај видеото го завршуваш со постери песната „Ако утре ме нема““, изјави Михајловски.
На прашањето дали Михајловски и Ташковски би ја прифатиле поканата да настапат во Кочани, Михајловски рече дека, поради начинот на кој според него бил претставен во јавноста, не би прифатил соработка.
„Само затоа што проба да ме наклевети мене и Антонио исто, не би прифатил никаква соработка и нема потреба од никаква комуникација“, рече Михајловски.
Тој додаде дека во иднина нема да го споменува Велевски.