Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Во живо) Михајловски за спотот снимен во Македониумот: „Можеби го замислиле од уметнички аспект, но не сметам дека тоа е местото“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Студио
media-librarya2skt0llk35nf0jaJz7

Историскиот музеј во Крушево го отстапил споменикот „Илинден“, познат како Македониум, за снимање музички спот на косовскиот рапер Дон Џони, за што, според изјавата на директорот на музејот, бил наплатен надомест од 500 евра за неколкучасовно користење на просторот.

— реклама —

Станува збор за спот за песната „Секси мама“, во кој раперот се појавува и во дел од кадрите снимени во Македониумот. Случајот предизвика реакции во јавноста поради значењето на објектот, кој е еден од најпознатите меморијални комплекси во земјата и симболично место поврзано со македонската историја.

— реклама —

За оваа тема зборуваше и актерот Александар Михајловски во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, каде што го коментираше снимањето на спотот и начинот на кој Македониумот бил искористен како локација.

— реклама —

„Мислам дека стварно е тотално непотребно. Можеби го замислиле од уметнички аспект и концептот да биде некое место коешто е не секојдневно, нели, меѓутоа не сметам дека тоа е местото. Е сега, од друга страна, многу ми е криво што луѓето така секогаш реагираат за такви работи, многу побурно и повеќе, а за некои посериозни проблеми“, вели Михајловски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Некој им дојавува на сопствениците кога АХВ ќе ги собира кравите, акциите постојано се пресретнуваат

Студио | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryipjprno9ldqt6YH1w2N

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Целата територија на општината е опседната со крави

Студио | пред 14 часа

media-libraryhk4d41c5n26i3unwqI8

(Видео) Стојна од Куклица не се плаши од кривичните пријави: „Не правам ништо незаконски, сè е легално“

Студио | пред 15 часа

media-libraryh6plqjo1m9ao2TYBoAk

(Видео) Стојна за наплатата на Куклица: 70 до 80 отсто од локалитетот е на приватен имот, само мал дел е државен

Студио | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања