Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(ВО ЖИВО) Претрес: Драмите, стенд-ап комедијата, Македонците и зависностите со 1Човек и Син на мајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarym2fdkbq77i846wnn5KO

Антонио Ташковски – 1Човек и Александар Михајловски – Син на мајка вечерва седнуваат на „Претрес со Ландов“.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

— реклама —

Двајцата заработуваат од тоа да ги претвораат нашите навики и апсурди во скечеви и стендап и да се шегуваат на туѓа, но и на своја сметка. Вечерва, сепак, тие се на другата страна – прашањата се за нив.

Каде завршува хуморот, а почнува навредата? Може ли сѐ да биде шега? Што е со драмата која ја направија преку видео во кое го споменаа Бојан Велевски? Актери се, инфлуенсери или професионални комичари – и може ли денес воопшто да се живее само од актерство?

— реклама —

Со Антонио Ташковски зборуваме за патот од работите што ги работел пред да стане препознатлив до сцената на МНТ - од доставувач и возач, до љубител на пици. Ќе зборуваме за успехот без познато актерско презиме, парите, љубовта, семејството и за тоа кој е Антонио кога ќе се изгасне камерата и ќе исчезне „1Човек“.

Со Александар Михајловски – за животот со презимето Михајловски, „сенката“ на татко му Тони, односот со родителите, сопственото татковство, но и за периодот од животот во кој јавно проговори за зависностите и за реакциите што следуваа потоа.

— реклама —

Ќе зборуваме и за македонската комичарска сцена, суетата и егото, за тоа кој навистина знае да разбере шега кога ќе биде упатена кон него, но и за публиката која денес со еден коментар може да те крене – или да те распарчи.

И едно едноставно прашање за двајца луѓе кои професионално ги смеат другите:

Што се случува кога никој нема да се насмее на шегата?

Ви откриваат датуми за турнејата!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygl8t90d0taufa0rQnIk

(Во живо) Стефан Николоски за откажаното гостување на Тони Михајловски: „Многу ми е криво, со цело срце го поканив“

Студио | пред 1 ден

— реклама —
media-librarykbkidl10mcth07YePmn

(Видео) Кој ќе се смее последен во „Претрес“: Стефан одговара за Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите, арените

Магазин | пред 1 ден

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Македонија | пред 5 дена

media-library2dboi6d0478e3ZPW6jP

(Видео) Јавната обвинителка Раичевиќ не верува дека довербата во правосудството е само 2 отсто: „Ова е еден вид мобинг врз обвинителите и судиите“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања