Промени тема
Контакт

(ВО ЖИВО) Од медицинските извештаи за Ива Михаилова до „Ровер“ и милионските ваучери – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryophmbq3jtaulbMnvZEJ

Проф. д-р Иван Барбов и јавната обвинителка Лидија Раичевиќ се гости во новото издание на „Претрес со Ландов“, во кое се отвораат две одделни теми – медицинската документација и лекувањето на Ива Михаилова, како и обвинителските предмети, судските исходи и кандидатурите за раководни функции во правосудството.

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО:

— реклама —
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“

Емисијата започнува со разговор со неврологот Иван Барбов, кој ја лекувал Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици. Во фокусот се медицинските наоди, причините поради кои било предложено лекување во Бугарија и околностите во кои Михаилова се нашла надвор од Македонија, и покрај судските мерки за забрана за напуштање на местото на живеење и државата.

— реклама —

Барбов одговара на прашања за тоа што точно утврдил при прегледите, дали предложениот третман можел да се спроведе во Македонија, што знаел за судските мерки против пациентката и како ги коментира јавните обвинувања поврзани со медицинската документација.

Во продолжение на „Претрес“ гостува Лидија Раичевиќ, јавна обвинителка со 33 години искуство, која повторно се кандидира за раководна функција, овојпат за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Со Раичевиќ се разговара за предметот „Ровер“ и обвинението против Љубе Бошкоски, ослободителните пресуди, предметите „Банки“ и „Еразмус“, како и за „Спортски ваучери“, каде што Обвинителството тврди дека биле предизвикани финансиски последици од повеќе милиони евра.

— реклама —

Се отвораат и прашањата за обвинителската одговорност, нејзините претходни кандидатури, политичките влијанија врз правосудството и јавните критики на премиерот Христијан Мицкоски кон судиите и обвинителите.

Дали медицинската документација може да ги разјасни дилемите околу случајот со Ива Михаилова? И може ли обвинителка која повеќе од три децении е дел од системот да ги спроведе промените што ги најавува?

Гледајте го новото издание на „Претрес со Ландов“ на landov.mk.

Генерален спонзор на „Претрес“ е Синалко, а емисијата се реализира со поддршка на Пелистерка, Јака Нова, Браво кафе, ЕВН, Good Nature, Dream Living, Autowelt, Мобеликс, Паппас кетеринг, ДИОН, Државна лотарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања