Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Во живо) Состојбата на Ива Михаилова не била животозагрозувачка, ниту морала да заврши со траен инвалидитет, вели д-р Барбов кој ја лекувал во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Студио
media-librarydr7epah2tuecantLr1W

Невролошката состојба на Ива Михаилова, обвинета за тешка сообраќајна несреќа со еден загинат и тројца повредени, не била животозагрозувачка, ниту, според нејзиниот лекар, станувало збор за состојба која нужно би довела до траен инвалидитет. Ова во интервју за „Претрес“ го изјави проф. д-р Иван Барбов од Клиниката за неврологија, кој ја лекувал Михаилова по повредите здобиени во сообраќајната несреќа.

Барбов објасни дека Михаилова имала слабост во двете нозе, зголемен мускулен тонус и болки, поради што била подложена на дополнителни испитувања и добивала терапија. Според него, станувало збор за последици од трауматска повреда, а не за хронично неизлечиво заболување.

— реклама —

„Во секој случај не е животозагрозувачка состојба и не е состојба што би довела до некој траен инвалидитет“, рече Барбов, објаснувајќи ја природата на здравствените проблеми поради кои ја лекувал.

— реклама —

Тој посочи дека Михаилова можела да се движи, но при подолго стоење чувствувала замор и силни болки. Во текот на лекувањето биле забележани одредени подобрувања, иако првично тие биле минимални.

Особено значајно е неговото објаснување дека посттрауматските невролошки нарушувања можат да се подобруваат со текот на времето, за разлика од одредени хронични заболувања.
Во интервјуто беше отворено и прашањето дали постоела медицинска неопходност Михаилова да замине во Бугарија за поставување баклофенска или дуодопа пумпа. Барбов објасни дека таквиот третман бил предложен како можност, а не како единствен начин на лекување.

— реклама —

Неговите објаснувања отвораат важно прашање во случајот што предизвика реакции во Македонија и Бугарија: дали лекувањето во странство било медицинска неопходност или една од можностите за продолжување на терапијата?

— реклама —

ГЛЕДАЈТЕ ПРЕТРЕС ВО ЖИВО ВО МОМЕНТОВ:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryimvliqcp8n4jdBxe7uG

(Видео) Андреј Петров тврди: Повеќе од 20 починати членови на СДСМ се евидентирани дека гласале за Филипче

Студио | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryn3gnok0kj9d0cVsfXH1

(Видео) Петров: Филипче е некомпетентен, а искуството на Црвенковски може да помогне

Студио | пред 6 дена

media-library8pabrfndoftk7Z9Obxj

(Видео) Петров: Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство

Студио | пред 6 дена

media-libraryua3542ofk62u5IyllTK

(Видео) Претрес на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, за да го враќаат Бранко? А Македонија?

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања