Прогнозите за снег на повисоките места се остварија. Од ноќеска, скијачките центри заедно со повисоките места се под снежна обвивка. Снег има во Маврово, Водно, Попова Шапка, Крушево, Пониква, Галичица, Копанки и Нижеполе на Пелистер. На дел од овие места веќе има и посетители кои се отидени на скијање. Температурите се ниски, а снег се очекува да врне и во текот на денешниот ден, како и ноќеска. Утрово, под снег се разбудија и дел од жителите на Охрид и Струга.
Во живо, дел од местата каде има снег, односно македонските туристички центри:
Маврово во живо можете да погледнете тука.
Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.