Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, порача дека ниту еден функционер од Владата не поднел пријава за сличувањата на Клиниката за онкологијата. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека на Онкологија се случило „масовно убиство“ и бараат одговорност од директори и доктори, не од медицинските сестри кои ги нарекоа „маша на лекарите“.
„Дали МВР влегло порано – во истрагите и обезбедување докази се влегува кога тие можат да бидат обезбедени. Овој процес треба да резултира со одговорност со име и презиме“, рече Спасовски.
Тој посочи дека ниту еден министер, како минатите така и моментално именуваните, не поднеле пријава.
„Ако зборуваме за ниво на Влада – ниту еден. Ако зборуваме за ниво на директори во 02.06.2020 година пријавено е од тогашниот директор за злоупотреба по однос на цитостатиците во Клиниката. Во однос на прашањето дали се преземени сите мерки – ние преземавме се она што беше неопходно и што беше потреба од оперативните сознанија и врз основа на наредбите од ОЈО. Дали е тоа се – не верувам. Ќе имаме и дополнителни наредби“, додаде Спасовски.