(Во живо) „Претрес“ на Туфегџиќ: Убиството на Вања и улогата на таткото, детали за „Монструм“, прислушувањето и Мијалков, за „Еразмус“, „Софтвери“...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Tufekdzic-na-Pretres

Мијалков, Верушевски, Богоевски, Палевски, Ѓорчевски, Вања... Прислушување, убиства, економски криминал, изнуди, дрога... Ќе го претресеме – Владимир Туфегџиќ, екссудија и адвокат.

— реклама —

Која е вистината за убиството на Вања Ѓорчевска, која е улогата на таткото Александар? Ова е првото прашање кое ќе го отвориме во „Претрес“... но екссудијата ќе го прашаме и...

Кој прислушуваше во Македонија? Како прислушкувачот го победи судството? Што се случуваше во истражната постапка за „Монструм“ по убиството на децата и рибарот? Како случајот „Меѓународен сојуз“ остана без Фросина Ременски и каде се префрли товарот?

— реклама —

Оваа среда од 21 часот, од прва рака ќе дознаете сѐ за професорите од економскиот факултет кои барале секс од студентки за да им дадат оценки, за истрагата „Агент“ против првиот директор на УБК, Слободан Богоевски, за случајот „А1 телевизија“ и нејзиното затворање...

Ќе ги претресеме и случајот „Софтвери“ со Драги Рашковски, „Синџир“ каде обвинети се вработени во УЈП... ова не е ни третина. А со сето ова, се врзува само едно име: Владимир Туфегџиќ, како поранешен судија кој изрекуваше високи казни, сега адвокат.

Поранешниот судија и адвокат ќе биде наш гостин. Во овој поткаст ќе чуете познати имиња и кривично-правни процеси кои тој ги судел или застапувал како адвокат.

Следете во живо на јутуб-каналот, каде може да поставите прашања:

bLCIpcqjXyQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања