Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Таткото на загинатиот Диме од Пулс: Дали газда Деко мирно спие, дали го прогонуваат криците на загинатите деца, дали некого заштитува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypg4891t6mugee7cZlEy

Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во дискотеката „Пулс“, месечно оди на неколку рочишта од судењето за трагедијата која зема 63 жртви. Не знае кога ќе заврши судскиот процес.

„Животот ни се подели пред и по трагедијата. Кога слушаме какви пропусти имало, прашуваме кој не постапил. Со секој судски процес раната се отвора и продолжува да крвари“, вели Димитриев.

— реклама —

Работава смета дека се разводнува, а на некои бранители тоа им одговара.

— реклама —


„Не бараме по секоја цена брз завршеток, туку да се дојде до виновниците. За секој од нив има вина и докази. Има сомневање бидејќи не знаеме што е вистина, а што не. Не знаеме дали има калкулации за сменет исказ на еден од сведоците“, вели таткото на Диме и кажува дека адвокатите некогаш и ги провоцираат.

— реклама —

„Од Деко, газдата на Пулс, знаејќи го, не очекував да признае кривична одговорност, но барем да почувствува морална одговорност“, вели Димитриев.

— реклама —

Никој од обвинетите, посочува, не ни пристапи и да каже дека жали, само имало некои вештачки зборови за да се намали одговорноста.

„Подобро Деко да не е пред мене. Не е закана. Генерација бевме со него. Би го прашал дали кажал сè што знае, дали заштитува некого и после сè дали вредеше да бидат убиени 63 млади за некој да има корист, дали може да спие мирно, дали му излегуваат криците на децата“, прашува таткото на загинатиот Диме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

(Видео) Стојна со наплата пред “Порта Македонија”: Немој да ми кружите преку калето за да не платите!

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Некој им дојавува на сопствениците кога АХВ ќе ги собира кравите, акциите постојано се пресретнуваат

Студио | пред 1 ден

media-libraryipjprno9ldqt6YH1w2N

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Целата територија на општината е опседната со крави

Студио | пред 1 ден

media-libraryhk4d41c5n26i3unwqI8

(Видео) Стојна од Куклица не се плаши од кривичните пријави: „Не правам ништо незаконски, сè е легално“

Студио | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања