Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје

Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата.

— реклама —

„Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани, истакна градоначалничката Арсовска.

„Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов.

— реклама —

Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања