Промени тема
Контакт

Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
woman-holding-glass-filled-with-water

По речиси еден месец неизвесност, жителите на Гостивар повторно можат безбедно да ја користат водата од водоснабдителниот систем за пиење и подготовка на храна.

Главниот штаб за управување со кризи денеска соопшти дека последните лабораториски резултати потврдиле дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите за нејзино безбедно користење.

Одлуката следува по денешната седница на Главниот штаб за управување со кризи, на која биле разгледани најновите резултати од анализите на водата.

— реклама —

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека резултатите покажуваат оти водата ги исполнува условите за повторно користење за пиење.

— реклама —

И шефот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на прес-конференција потврди дека водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење.

На граѓаните им е препорачано пред првото користење водата добро да истече од чешмите.

— реклама —

Со последните резултати завршува повеќенеделниот период во кој гостиварци не можеа да ја користат водата од водоводот за пиење поради загадувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања