Промени тема
Контакт

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење иако анализите покажуваат подобрување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Жителите на Гостивар и натаму не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, иако последните лабораториски анализи покажуваат подобрување на нејзиниот квалитет.

Од Локалниот кризен штаб информираат дека забраната останува во сила сè до објавувањето на конечните официјални резултати од надлежните здравствени установи. Во меѓувреме продолжува дистрибуцијата на вода за пиење преку пет пункта во градот.

— реклама —

Со техничка вода се снабдуваат и селата Дебреш и Беловиште, како и населбите Фаснери и Тулана. Обезбедена е вода и за одделението за дијализа во гостиварската болница.

Од Кризниот штаб велат дека се подобруваат нивото на хлор и биолошките параметри во водоводната мрежа, поради што се очекува во наредните денови водата повторно да биде безбедна за пиење.

— реклама —

„Ги очекуваме последните резултати, кои се добри, како во однос на количината на хлор, така и во однос на биолошките резултати. Очекуваме во наредните денови водата да биде за пиење од водоводот Гостивар“, изјави Зуди Џелили од Локалниот кризен штаб.

— реклама —

Дотогаш, граѓаните треба да користат обезбедена вода за пиење и да ја почитуваат забраната за користење на водата од водоводната мрежа за консумирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања