„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Водата во Прилеп поскапе за 60%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Повеќе од двојно зголемување на сметките за водни услуги, за Прилепчани од следниот месец.

— реклама —

Граѓаните лути бидејќи, како што велат, се чувствуваат повторно излажани. Тие претежно на социјалните межи коментираат дека во предизборието, тогашната опозиција, а сегашна власт, им ветувала дека сметките за вода ќе бидат намалени за 20 проценти, а не зголемени.

Новите сметки ќе бидат повисоки за околу 60 проценти, како последица на преминувањето на Пречистителната станица во владение на ЈКП „Водовод и канализација“, од каде пак, не негираат дека сметките за водни услуги веќе од наредниот месец ќе бидат значително зголемени.

— реклама —

СДСМ не искоментира ништо за покачувањето на цената на водата само потенцираше дека на 500 семејства од социјално ранливите категории локалната самоуправа месечно ќе им субвенционира по 5 метри кубни вода или по околу 240 денари месечно.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани. Овој чекор го сметаат за само уште една популистичка мерка на СДСМ пред изборите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања