Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Водителка модерираше настан од Владата, па им ги остави парите: Се чуствувам изманипулирана!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Screenshot-2023-09-15-at-10.49.06

Водителката Александра Илиевска, тврди дека била изманипулирана од одредени лица кога и понудиле да биде модератор на настан оранизиран од Владата. Таа им се извини на гледачите на телевизијата во која работи.

„Изминатот период бев модератор на настан организиран од Владата на Македонија (поточно СЕП) кој никако не ги изразува моите лични ставови, а ниту на медиумот од кој сум дел. Сакам да и се извинам на јавноста, но и на сите кои ме познавате лично или само преку малите екрани, доколку поттикнав сомнеж како за мојата неутралност и професионалност, така и за несомнениот независен и избалансиран уредувачки став на Канал 5 ТВ, каде впрочем сум и вработена.

— реклама —

Во оваа прилика недвојбено нагласувам дека работам во медиум кој е транспарентен, отворен и професионален. Две години сум дел од утринската програма ,,Здраво Македонијо,, и секогаш без никаква дискриминација по ниту еден основ, утрински ги поздравувам и професионално ги информирам гледачите кои секојдневно ни ја даваат довербата.

— реклама —

Професионално и посветено, продолжуваме да го создаваме најдоброто за гледачите на Канал 5 ТВ.

— реклама —

Поради фактот што се чувствувам изманипулирана од одредени лица, а поврзани со тој настан, се откажувам од било каква надокнада – затоа што мојот личен и професионален дигнитет нема цена“, напиша Илиевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања