Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
fatmir-etemi

Локман Љимани, главен извршен директор на АД „Водостопанство“, поднесол барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје, со кое бара на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица.

— реклама —

„Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.

Лимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради.

— реклама —

АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош.

— реклама —

Истовремено, до Левица пристигнаа информации дека Лимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор, Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.

Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради.

— реклама —

Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања