Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Водовод за тепачката: Инцидентот е само последен во серијата инциденти со кои се соочуваме, наметнати се од Идриз Орана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-11-03-at-17.33.25

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на денешниот ден, повторно се соочи со непријатни ситуации и настани наметнати од страна на претседателот на Управниот Одбор на претпријатието, Идриз Орана, велат од претпријатието по објавата дека имало физичка пресметка.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„Имено, денешниот инцидент е за сега последен од серијата инциденти со кои менаџментот, но и вработените на претпријатието се соочуваат во изминатиот период.

— реклама —

Овој тип на инциденти создаваат непријатна и нездрава средина за нормално фунционирање на вработените, а за жал во некои од нив, покрај вербалните има и физички навреди, закани и притисоци. Сите овие настани и инциденти се пријавени во МВР.

Во текот на денешниот ден, претседателот на УО на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно иницираше инцидент, одбивајќи да го одржи состанокот на одредената локација предвидена за истото, на петтиот кат, каде како и за сите состаноци истата беше наместена и организирана соодветно. Наместо таму, на негова иницијатива и притисок од негова страна, членовите на УО кои веќе беа седнати на 5-от кат во Салата за состаноци по телефонски повик од негова страна се симнуваат долу за да предизвикаат инцидент со обезбедувањето каде меѓу другото, претседателот на УО, Идриз Орана се обиде да иницира и физички судир со обезбедувањето.

Обезбедувањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на својата задача, го спречи развојот на немилите настани, на мирен и достоинствен начин, со цел задржување на редот и безбедноста во претпријатието.

Менаџментот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, испраќа јавно порака до претседателот на УО, Идриз Орана, да престане со притисоците врз членовите, вработените, со иницирање на инциденти, како и со обвинувања за нефункционалноста на менаџментот само за да ја исполни својата цел – неговата сопруга да продолжи со континуирано повеќегодишно продолжување на боледувањето и истата да биде „недопирлива“ за проверка, казна, дисциплинска и друга одговорност.

Правилата, прописите и протоколите за работа мора да се почитуваат и да важат за секого, без разлика дали е функционер, претседател на управен одбор или не“.

vodovod

Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија

Обезбедувањето на скопски „Водовод“ и членови на Управниот одбор, се степале поради канцеларија за држење состаноци. Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека го расчистуваат случајот. И ова не е првпат канцеларијата да биде проблем помеѓу двата табори. И претходно, таа беше заклучена, а состанокот беше воден во ходник. Се сѐ случувало околу пладне.„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.Минатиот месец, состанокот на Управниот одбор се одржа во ходник. Имаа и за цел да го разрешат директорот Драган Илиевси, по чија наредба е заклучена спорната канцеларија. Членовите на Управниот одбор се со различни ставови од оние кои ги има градоначлничката Данела Арсовска и актуелниот директор.

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања