Промени тема
Контакт

Воената агресија врз Украина, покажа колку е важно што Македонија е членка на НАТО, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mak-nato-4

Државата веќе две години е полноправна членка на НАТО, безбедна, сигурна и силна, а исто толку време Христијан Мицкоски молчи за овој успех, молчи за остварувањето на една од националните стратешки цели, вели СДСМ

„Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО, а времето покажа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.

— реклама —
— реклама —

За жал, воената агресија врз Украина, покажа колку е важно што Република Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи НАТО значи безбедност и сигурност.

— реклама —

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање и втората стратешка цел, членство на државата во ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања