„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Воените туристи“ во „Сараево сафари“ плаќале до 300.000 евра – убиено дете било најпосакуваниот трофеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryopa924tfonj971tBhjJ
YouTube/Print Screen

Германскиот весник Frankfurter Sonntagszeitung објави текст со нови детали за „Сараево сафари“ и делови од разговор со италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени. Статијата започнува со наводи од поранешниот американски маринец и пожарникар Џон Џордан, кој прв сведочеше за „туристите снајперисти“ во февруари 2007 година пред Хашкиот трибунал. Транскриптот од неговото сведочење е јавно достапен.

— реклама —

„Џордан повеќепати во Сараево видел мажи кои му го привлекле вниманието со облеката, оружјето и фактот што локални луѓе ги придружувале. Некои носеле пушки кои повеќе одговарале на лов на диви свињи во Шварцвалд отколку на борбена зона во град. Јасно се гледало дека не се обучени да се движат низ урнатини. Истото, како што вели, му го потврдил и соработник од подрачјето на Мостар.

По сведочењето на Џордан за „туристите снајперисти“ следело: ништо. Можеби затоа што приказните за Канаѓани, Руси, Германци, Швајцарци и Италијанци кои со ловна опрема доаѓале во Сараево и плаќале огромни суми на српските паравоени единици за да одат во лов на луѓе долго време се сметаа за урбана легенда“, пишува Frankfurter Sonntagszeitung (FAS).

— реклама —

„Воените туристи продолжиле и во 1994 и 1995 година“

Весникот потоа се осврнува на досието кое италијанскиот новинар Гавацени, заедно со својот адвокат Никола Бриџида и поранешниот судија Гвидо Салвини, го предал на Обвинителството во Милано на 28 јануари 2025 година, а до кое FAS добил увид. „Таму се наведува дека станува збор за најмалку стотина ‘воени туристи’, кои меѓусебно се нарекувале ‘стрелци’ – иако попрецизен израз би бил сериски убијци.

Наводно плаќале и до 300.000 евра (пресметано во денешна вредност): ‘Децата чинеле најмногу, потоа мажите (по можност во униформа и вооружени), потоа жените, а старците можеле да се убијат бесплатно’.

Во документот се тврди дека италијанската воена разузнавачка служба во 1993 година била информирана за ‘воените туристи’ и дека неколку месеци подоцна соопштила оти ја идентификувала полазната точка на турите и ги запрела. Но дали тоа е точно? ‘Не, денес знаеме дека тоа не одговара на вистината. Излетите на фронтот продолжиле и во 1994 и 1995 година’, изјави Гавацени минатата среда во Милано“, пренесува германскиот весник.

Гавацени, автор на книги за атентатите врз судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино – ловци на мафијата – и за атентатот врз папата Јован Павле Втори, во февруари треба да ја објави својата најнова книга со наслов „I cecchini del weekend“ („Викенд-снајперисти“). Netflix и Amazon веќе го контактирале – заинтересирани се за екранизација на делото, кое ќе го објави издавачката куќа Paper First.

Што го шокирало најмногу?

„Дека убиеното дете очигледно било најбараниот трофеј“, пишува Frankfurter Sonntagszeitung и продолжува: „За време на опсадата на Сараево, која започна на 6 април 1992 година и заврши на 29 февруари 1996 година, убиени се 11.541 лица.

Меѓу жртвите имало 1.621 дете. Речиси секое семејство во градот има барем една жртва загината од граната или снајпер. Сараево е опколено со планини високи над две илјади метри, кои преминуваат во благи ридови. Снајперистите биле распоредени на тие ридови, со директен поглед кон улиците, плоштадите и становите. Други биле поставени на висококатници, над прочуената ‘Снајперска алеја’. Луѓето кои морале да излезат по вода или храна трчале по тротоарите или се засолнувале покрај оклопните возила на ОН.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања