Промени тема
Контакт

Воено медицински персонал ќе се распореди во ковид центрите на Клинички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-1

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

— реклама —

Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.

— реклама —

По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања