Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww
unsplash

Осумгодишно девојче се здобило со тешки повреди откако било нападнато од волк во зоолошки парк во Германија, соопштија локалните власти.

— реклама —

Нападот се случил за време на посебна програма за деца во зоолошкиот парк „Јоханисмиле“, јужно од Берлин. Станува збор за однапред резервирана активност во која децата ги придружуваат чуварите и учествуваат во грижата за животните.

— реклама —

Девојчето се наоѓало во оградениот простор со арктички волци кога било нападнато од најмалку едно животно. Поради сериозноста на повредите, со хеликоптер било пренесено во болница.

Во истиот простор имало уште две девојчиња, но чувар на паркот успеал да интервенира пред волците да ги нападнат и нив. Зоолошкиот парк е затворен до понатамошно известување, а во тек е истрага за утврдување на околностите на нападот.

— реклама —

Германската полиција испитува како дошло до инцидентот и дали имало пропусти или небрежност. По настанот, четири лица, меѓу кои и три деца, добиле психолошка помош.

— реклама —

Приватниот парк се наоѓа на околу 45 километри јужно од Берлин и се простира на повеќе од 100 хектари. Во него живеат околу 500 животни, меѓу кои сиви и арктички волци, мечка и рис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц предупредува: Германија нема пари за сè, потребни се сериозни буџетски заштеди

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryes4l5d9s8l2t0dBnWgy

Лоши вести за работниците во Германија: Компаниите повторно планираат отпуштања

Свет | пред 21 час

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Спречени можни терористички напади во Европа, уапсени двајца во Германија

Свет | пред 1 ден

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Руски државјанин шпионирал од Германија: Следел маж поврзан со украинските вооружени сили

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања