Промени тема
Контакт

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми на повеќе локации низ државата, информира Центарот за управување со кризи во вонредна информација за состојбата до 13:00 часот.

— реклама —

Во Охрид и околината регистрирани се поплавени подрумски простории, дворови и неколку објекти во градот. Поради излевање на дел од водотеците, на терен се ангажирани локалната самоуправа и Кризниот штаб, додека екипите на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат за отстранување на водата и санација на последиците.

Во Кичево и околните населени места, водата навлегла во подрумските простории и на дел од јавните и приватните површини. Дел од жителите се евакуирани и сместени во привремени објекти, каде им се обезбедени храна, лекови и здравствена заштита. Поплави се забележани и на одредени водотеци и земјоделско земјиште. Општината, Црвениот крст и ЈП „Комуналец“ се вклучени во згрижување на населението и во интервенции на критичните точки, додека екипи на итната медицинска помош ја следат здравствената состојба на евакуираните лица.

— реклама —

Во битолскиот регион е забележано значително зголемување на водостојот на локалните реки, со појава на излевања на повеќе места. Поплавени се куќи, дворишта и дел од земјоделските површини. Механизацијата на општините е на терен, а Кризниот штаб ги координира активностите и ги утврдува приоритетите за санација на штетите.

— реклама —

Во Тетово и околината има пријави за уривање на потпорни ѕидови, како и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на погодените локации, додека општинската механизација интервенира за расчистување на свлечиштата и спречување на понатамошни штети.

Поплави на локални патни правци и во неколку населени места се регистрирани и во Гостивар и околината. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на санација на поплавената инфраструктура, а механизацијата на Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и стабилизирање на теренот.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека состојбата постојано се следи и дека надлежните служби остануваат на терен сè додека не се нормализира состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања