Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Вонредни парламентарни избори во Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
kosovo-2

Вонредните парламентрни избори во Косово започнаа утрово во седум часот, кога, според извештаите на акредитираните набљудувачи и на медиумите, без забележителни доцнења се отворија гласачките места во целата земја, јави дописникот на МИА од Приштина.

— реклама —

На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.

Гласањето се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места, кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

— реклама —

За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.

Денешните парламентарни избори во Косово се одржуваат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.

Ден пред предвремените избори, Централната изборна комисија го распредели изборниот материјал до општинските изборни комисии, со строги безбедносни мерки. За овој изборен процес, отпечатени се помалку гласачки ливчиња од вкупниот број избирачи. Од ЦИК истакнаа дека со оглед на процентот на излезност во изминатите изборни циклуси, не се очекувало да фалат гласачки ливчиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања