Директен пренос од вонредното обраќање на премиерот на Македонија Димитар Ковачевски. Тој се обраќа од Владата без присуство на медиуми.
„Сведоци сме на немили ниастани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат. Воената агресија на Русија против Украина е чин кој го осудуваме.
Сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. Во овие турбилентни времиња сакам да ве известам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Македонија. Граѓаните теба да се спокојни бидејќи како членка на НАТО можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбрамбен сојуз во светот“, изјави Ковачевски.
b