Промени тема
Контакт

Воспитувачите и негувателите да ги прифаќаат децата во градинките, секој изгубен час е на штета на раниот детски развој, вели Тренчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gradinka-2

Ги повикувам воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

„Како Влада и Министерство кое води грижа не само за детскиот развој, туку и за унапредувањето на воспитно-згрижувачкиот кадар, имаме цврста определба да го продолжиме социјалниот дијалог од кој очекуваме да произлезат системски решенија кои одат во прилог на сите.

— реклама —

Владата и Министерството за труд и социјална политика и претходно докажаа дека имаат слух за барањата на воспитно-згрижувачкиот кадар во градинките и дека не бегаат од решенија со кои се унапредува нивниот економско-социјален статус. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите на вработените во градинките кои се покачени за 21% во последните четири години, што е историски најголем раст.

— реклама —

Социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.

— реклама —

Верувам дека интересот на децата ќе биде ставен на прво место. Градинките ќе ги отворат вратите, а преку силен постојан партнерски дијалог кој го продолжуваме со Синдикатот ќе изнајдеме модел со кој се обезбедува и гарантира постојан раст на платите за вработените во градинките“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања