Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Воведени „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSC_0299

Општина Илинден продолжува со овозможување на просторни услови и капацитети во предучилишните установи, за згрижување на деца од предучилишна возраст.

— реклама —

Во таа насока во детската градинка Гоце Делчев, се воведоа „јасли“, односно се овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци.

— реклама —

За оваа намена уреден е засебен дел од објектот на градинката кој располага со сопствен влез. Набавена е потребната опрема и инвентар за престој на децата од јаслените групите. Најмалите дечиња ќе бидат згрижени во две групи.

— реклама —

Во едната ќе престојуваат деца на возраст од 9 до 18 месеци, а во другата деца на возраст од 18 до 24 месеци.

— реклама —

Воведувањето на јасли во градинката Гoце Делчев, која има капацитет за згрижување на 450 дечиња, се овозможи со изградбата на новата детска градинка во Миладиновци којa е со капацитет од 90 дечиња.

На овој начин во двете градинки, се воведени јасли за згрижување на деца од најмладата група, како и се овозможени просторни капацитети за згрижување на сите деца до 6 годишна возраст согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања