„Имунолошки пасош е се уште на ниво на размислување на поединечни земји. Дилемите се кој е тој протокол што ќе се признае за валиден, колку денови направениот тест ќе важи за валиден, колку ќе се комплицира целиот тој процес ако станува збор за краткотрајни патувања на еден или два дена и на крајот каква е гаранцијата да од земање на тестот па се до влегувањето во некоја земја, некој не се заразил од вирусот. Многу отворени прашања. Ние дискутиравме во рамките на нашата Комисија, засега, согласно овие препораки сметаме дека некаква голема вредност, во смисла на сигурност, но сме отворени за опцијата и за наши граѓани кои што би патувале и за странци кои треба да дојдат доколку станува збор за пристап на повеќе земји во смисла на регионален пристап или во земји од Европската Унија. За ова прашање се уште нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, вклучително и ние. Засега немаме став“, истакна Филипче.
фото: Архива