Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Автобус „63-ка“ ги оставил патниците во Илинден: Возачот не го знаел патот до Мралино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
eko-avtobusi-1

Возач на приватен автобус на линијата 63 денеска околу 13 часот, на релација од Транспортниот центар кон селото Мралино, ја прекинал рутата и ги оставил патниците на автобуска постојка во Илинден.

— реклама —

Според патниците, додека автобусот се движел кон Мралино, возачот постојано зборувал дека не го знае патот, по што тие почнале да му објаснуваат каде треба да вози и на кои постојки да застане.

— реклама —

Како што тврдат, возачот потоа видливо се изнервирал, го запрел автобусот на постојката „Илинден Први мај“ и им наредил на патниците да се симнат.

Потоа им соопштил дека нема да продолжи до последната постојка во Мралино бидејќи не го знаел патот за назад и не знаел како да се врати во Скопје.

— реклама —

Според возниот ред на ЈСП-Скопје, од постојката „Илинден Први мај“ до крајната станица „Мралино“ има уште 16 автобуски постојки на кои автобусот број 63 треба да застане.

— реклама —

Наместо да ја продолжи рутата, автобусот направил круг на кружниот тек во Илинден и се вратил назад кон Скопје, оставајќи ги патниците на половина пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања