Промени тема
Контакт

Возач на „Убер“ силувал жена, компанијата ќе мора да плати 8.5 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarycbkve3ctqmn1aOxO7DH

Федерална порота во Феникс пресуди дека компанијата Uber мора да ѝ исплати 8,5 милиони долари отштета на жена која била силувана од еден од нејзините возачи, оценувајќи дека компанијата сноси одговорност за нападот. Одлуката се смета за клучна, бидејќи може да влијае врз исходот на илјадници слични тужби против превозничкиот гигант во САД.

Станува збор за првото судење од над 3.000 обединети тужби против Uber што се водат пред федерален суд. Случајот, покренат од Џејлин Дин, имаше улога на т.н. „огледно судење“, со цел да се тестираат правните аргументи и да се утврди ориентир за висината на можните отштети во идни нагодби.

Поротата утврди дека возачот дејствувал како застапник на Uber, со што компанијата станала директно одговорна за неговото однесување. На тужителката ѝ беа досудени 8,5 милиони долари отштета, додека барањето за казнена отштета беше одбиено. Нејзините адвокати претходно побараа над 140 милиони долари.

— реклама —

Од Uber соопштија дека поротата ги отфрлила другите тврдења на тужителката – дека компанијата била немарна или дека безбедносните системи ѝ биле недоволни – и најавија жалба на пресудата, нагласувајќи дека вложиле значителни средства во безбедноста на патниците.

Од спротивната страна, адвокатката на тужителката, Сара Лондон, оцени дека пресудата е „потврда за илјадници жртви кои истапиле, и покрај личниот ризик, за да ја повикаат компанијата на одговорност поради ставање на профитот пред безбедноста на патниците“.

Правни експерти оценуваат дека доколку пресудата опстане во жалбената постапка, таа може да послужи како преседан и ориентир за висината на отштетите во други слични случаи, иако секој предмет формално се оценува поединечно.

— реклама —

Тужбата беше поднесена во 2023 година, еден месец по нападот што се случил во Аризона, кога тужителката имала 19 години. Во неа се наведува дека Uber бил свесен за серија сексуални напади извршени од возачи, но не презел доволни мерки за заштита на патниците – обвинувања што со години ја следат компанијата и се предмет на јавен и институционален интерес во САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

taksi

(Видео) Косата и била мокра, таксистот не сакаше да и ја исклучи климата и настана караница среде Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Запалено такси „ауди А6“ во Аеродром

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Таксистите во Атина протестираат против новиот закон за нулта емисија

Свет | пред 6 месеци

taksi

Таксистите во Атина штрајкуваат два дена поради електричната транзиција

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања