Промени тема
Контакт

Возачот кој го усмрти скопјанецот на кеј, немал ниту возачка дозвола: станува збор за лице со криминално досие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
2

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишен скопјанец, кој на 1 јули управувал мотоцикл и со тоа предизвикал сообраќајна несреќа на кејот на Вардар, при што смртно настрада пешакот Југослав Николовски.

— реклама —

Осомничениот се товари за кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, бидејќи со мотоцикл без табличка возел по пешачка патека кај улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“, не поседувал возачка дозвола и не ја приспособил брзината, иако бил свесен дека може да предизвика последици.

— реклама —

Со левата страна од моторот удрил во телото на Николовски, кој се движел по патеката. Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и починал следниот ден, додека сопатникот на моторот бил полесно повреден. Наместо да помогне, возачот го оставил моторот и ги напуштил повредените, бегајќи пеш од местото.

— реклама —

Според обвинителството, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, а дополнително се работи за лице со криминално досие, што упатува на сериозна опасност од бегство и повторување на делото.

Поради сето тоа, јавниот обвинител побара притвор за осомничениот. Очекувањата се дека судот ќе одлучи во најкус можен рок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library338aqv7tbj526zzci0A

(Видео) Сообраќајка меѓу автомобил и камион во Аеродром

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library5d6f3f746bdn0Hga6Wf

(Видео) Сообраќајна несреќа после велешката патарина, превртен автомобил на автопатот

Македонија | пред 1 ден

media-library6b082meat6cbbwXzMw9

Детали: Двајца возачи се во болница по сообраќајката на „Борис Трајковски“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryl6vb42t0vtbedrIVLlF

Сообраќајка на булевар „Борис Трајковски“: Се судрија две коли и камион

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања