Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Возачот кој прегази дете на “Пластичарска” доби 2,3 години затвор: Очекував затворска казна од 10 години, кажа таткото на детето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Очекував пресуда на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш, вели Себастијан Сановски – татко на 10-годишното дете коешто беше усмртено од автомобил минатиот месец на „Пластичарска“. Возачот е осуден на 2 години и три месеци.

Таткото најави дека ќе се жали на денешната пресуда, со која возачот Шукри Зеќири од Скопје доби затворска казна од две години и три месеци.

— реклама —

„Не му посакувам никому да му се случи ова. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа таткото на заминување од судот.

— реклама —

Во пресудата, судијката Марија Клетничка наведе дека 21. годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело. Во времетраењето на затворската казна пресметано е и делото неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за што определена му е затворска казна од 6 месеци. Тој доби и забрана за управување со моторно возило во период од три години.

— реклама —

Мажот возел со 76 километри на час. Зеќири претходно го призна делото, а кажа дека избегал од страв да не биде тепан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања