Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Возачот на авобусот е во шок, сака да ја види водителката Деа, таа сеуште е во шок соба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
hirurg-dea

Возачот на автобусот кој во четвртокот во шест наутро и ја откина раката на водителката Деа во Белград, сака да ја посети по несреќата. Бојан Јовановиќ е уште во шок по несреќата.

Неговиот татко за српските медиуми вели дека Бојан тоа утро возел полека и сакал да ги избегне автомобилите. Според него, Бојан е свесен возач кој вози со години.

— реклама —

Инаку Деа Џурџевиќ во несреќата се здоби со сериозни повреди. Според еминентниот доктор Вучетиќ голема среќа во несреќа што настанот се случил пред самата врата на една болница и што за многу кратко време успеале да се соберат најеминентните експерти од Клиничкиот центар Србија и Военомедицинската академија.

"Деа Џурџевиќ имаше многу тешка повреда која беше високо над лактот, што е многу неблагодарно за зачувување на екстремитетот. Имаше голем број на повреди во подолгиот сегмент на раката. Имавме трка со времето, и повредата и операцијата беа на границата на невозможното, но успеавме! Наредните неколку дена се клучни за нејзината состојба да се стабилизира и да влезе во мирен тек, но засега е добро", истакнал за српски "Kurir" доктор Чедомир Вучетиќ, лидер на Одделението за коскени инфекции во Клиниката за ортопедска хирургија и трауматологија KCS и микрохирург кој заедно со доктор Марко Бубаширевиќ, ја оперирал водителката Деа Џурџевиќ.

— реклама —

"Клучно беше циркулацијата во раката да се воспстави во шест до осум часа откако успеавме. Оперативниот тек беше регуларен и течеше по план, без дополнителни компликации. Уште е рано за било какви прогнози, но ситуацијата засега е добра. Да се има екстремитет е клучна работа, иако заздравувањето ќе биде долго и раката можеби ќе има извесни функционални ограничувања", вели Вучетиќ.

Чедомир Вучетиќ е професор на Медицинскиот факултет и еден од пионерите за микрохиругрија во Србија. Меѓу операциите кои ги направил, позната била таа кога во 2017-та година спасил целосно отсечена рака од машина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања