„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Возачот Васил кој ја усмрти Фросина телефонот го набавил од притвореник, платен е надвор од затворот, пренесен е во опаковка со колачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
vasil-jovanov

Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“. Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците. Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.

— реклама —

Уште од првиот ден, кога Јованов влегол во притвор, почнал да бара телефон. Иако е јавна тајна дека уреди има низ повеќе ќелии, никој не се осмелил да му даде. Сепак, овој муабет стигнал до притвореник кој е во затворот повеќе од година. Тој се понудил да му обезбеди, но и да биде платен.

Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“. Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи.

— реклама —

Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари. „Скопје1“ поседува информации кој точно го платил уредот надвор од затворот, а засега ќе посочиме само дека станува збор за лице од блиското опкружување на Јованов. Останува отворено прашањето, како и кој го внел телефонот до затвореникот кој наплатил за да му го даде на Јованов.

Според нашите информации, Јованов од телефонот исконтактирал со неговата девојка, како и со родителите. Разменил пораки и повици. Телефонирањето траеше кратко, бидејќи друг затвореник, го фотографираше, па почнал да се фали со фотографиите надвор од установата. За на крај, тие да завршат во јавност.

„Скопје1“ побара потврда за овие информации од директорот на затворот, Бобан Утковски, кој рече дека во тек е истрага и дека засега не може да коментира и споделува информации. Утковски посочи дека штом се утврдат сите детали, тие сите информации ќе ги споделат со јавноста.

Претходно, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов рече дека нема да биде брз процес откривањето кој и како го внел телефонот.

Јованов од соба со уште пет лица е преместен во самица. Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено.

 

Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања