Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Возбудлив старт на Мундијалот: Кореја ја шокираше Чешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryv0vlsfi1fopadGahpGj

Јужна Кореја ги освои првите бодови на Светското првенство 2026 откако со голем пресврт ја победи Чешка со 2:1 во натпревар полн со возбудувања и неизвесност до самиот крај во Гвадалахара.

Корејците имаа иницијатива и создадоа повеќе шанси, но долго не успеваа да најдат пат до мрежата. Најмногу се истакна Хеунг-мин Сон, кој пропушти неколку одлични можности, а во 57. минута неговиот удар го запре чешкиот голман Матеј Ковар.

И покрај притисокот на азиската селекција, Чешка прва стигна до водство. Во 59. минута, по долг аут на Владимир Куфал, Ладислав Крејчи најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава погоди за 1:0.

— реклама —

Одговорот на Јужна Кореја следуваше во 67. минута, кога Ин-беом Хванг по асистенција на Канг-ин Ли со прецизен лоб-удар го совлада Ковар и израмни на 1:1.

— реклама —

Решавачки се покажа потегот на корејскиот селектор, кој го внесе Хјеон-гју Ох на местото на Сон. Откако на Чешка ѝ беше поништен погодок на Томаш Соучек поради офсајд, Ох во 80. минута ја искористи асистенцијата од Хванг и ја донесе победата од 2:1.

Во финишот Чесите имаа можност да избегнат пораз, но голманот Ким Сеунг-гју со извонредна интервенција ја сочува предноста и им ги обезбеди трите бода на Корејците.

— реклама —

Претходно, домаќинот Мексико со 2:0 ја совлада Јужна Африка во воведниот натпревар од Групата А. Кињонес и Хименез беа стрелци за Мексиканците, а средбата ја одбележаа и три исклучувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Спорт | пред 9 часа

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 3 дена

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Спорт | пред 5 дена

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања