Промени тема
Контакт

Возбудлива ноќ на Светското првенство: Египет до историска победа, Уругвај киксна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-libraryaqbck9q7f0046UupIcb

Ноќните натпревари на Светското првенство донесоа многу возбуда, а љубителите на фудбалот беа сведоци на драматично реми и историски триумф во рамките на второто коло од групите Г и Х.

Во Мајами, Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2:2 во натпревар од второто коло во Групата Х. Најмалата земја учесник на овој Мундијал прва дојде до предност преку Кевин Ленини, кој погоди од слободен удар во 21. минута.

Уругвајците успеаја да направат пресврт до крајот на првото полувреме со головите на Максимилијано Араухо и Агустин Каноби, но селекцијата на Зелено’ртските Острови не се предаде. Во второто полувреме, Хелио Варела постигна гол за конечни 2:2 и голем бод за својата репрезентација.

— реклама —

Во последниот натпревар од второто коло во Групата Г, Египет ја совлада селекцијата на Нов Зеланд со 3:1 и стигна до историска, прва победа на Светските првенства.

По негатива во првиот дел, Египќаните направија целосен пресврт во второто полувреме благодарение на головите на Зико, Мохамед Салах и Махмуд Трезеге.

Со оваа победа, Египет се искачи на првото место во групата со четири бодови, пред Иран и Белгија, додека Нов Зеланд остана на последната позиција.

— реклама —

По две одиграни кола, борбата за пласман во нокаут-фазата останува целосно отворена во двете групи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања