Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Возеле без дозвола, пијани или со забрана: 15 лица приведени во едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 15 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од приведените, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, меѓу кои и четири малолетници. Четири лица биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Едно лице управувало возило и покрај активна забрана за управување, едно возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол, додека едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај активна забрана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана за управување.

— реклама —

„Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани“, наведуваат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Македонија | пред 9 часа

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возач на камион тешко повреден откако удрил во метална ограда на експресниот пат Прилеп – Градско

Македонија | пред 10 часа

tabanovce

Скопјанец приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања