Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Македонија
media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Во изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации низ Македонија лишиле од слобода 11 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Меѓу приведените, петмина управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за С.А. (63), М.М. (20) од селото Лисец, Тетовско, Е.Д. (28) од Штип, Ф.А. (62) од Радовиш и С.М. (36) од селото Ораовица, Радовишко. Последниот управувал и нерегистрирано возило, а бил и под дејство на алкохол.

— реклама —

Тројца возачи биле затекнати под дејство на алкохол – В.М. (38) од Прилеп, Р.Г. (56) од селото Инџиково, Скопско, и Б.П. (44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета.

— реклама —

Двајца возачи, А.Б. (25) од селото Вирче, Делчевско, и Љ.Д. (56) од Струга, управувале возила и покрај активната забрана за управување. Р.В. (34) од Радовиш, пак, бил затекнат како вози со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoe1v2ag9t07v24U3qyq

Инцидент на семејна прослава: Две жени се здобиле со тешки изгореници

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 1 ден

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 2 дена

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања