Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Возеле без возачка, под алкохол и со двојно поголема брзина – уапсени 11 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации низ државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од нив, деветмина биле лишени од слобода затоа што управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за В.Г. (64) од с. Моштица, Ѓ.Б. (60) од Долно Караслари, Б.М. (49) од с. Неготино, 15-годишник од с. Сиричино, О.А. (27) од с. Пешталево, Н.Н. (43) од Гевгелија, 17-годишник, М.Ј. (23) и С.А. (24), сите тројца од Скопје.

Кај С.А. било утврдено и дека управувал под дејство на алкохол.

— реклама —

Поради управување возило под дејство на алкохол од слобода бил лишен и М.Г. (64) од Делчево.

— реклама —

Од слобода бил лишен и Е.А. (23) од с. Ѓермо, затоа што управувал со брзина двојно поголема од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или под дејство на алкохол, како и да ја прилагодат брзината според сообраќајните знаци, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

tepacka

Драма во Ѓорче Петров: Тројца мажи извлекле скопјанец од автомобил и го претепале

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

Детали за тепачката пред „Јане Сандански“: Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Скопје | пред 4 часа

pistol-zapl-2

Двајца познаници нападнале 76-годишник во неговиот дом, го удриле со кундак од пиштол и му украле пари

Скопје | пред 4 часа

semejno-nasilstvo

Со години ја малтретирал сопругата, па ја нападнал и ја избркал од домот во Гази Баба – уапсен 39-годишен скопјанец

Скопје | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања