Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Возеле пијани, без дозвола и покрај забрана – десет возачи приведени за едно деноноќие: еден имал речиси два промили алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Четворица од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Т.Т. (43) од Битола, О.И. (44) од Кичево, малолетник од Скопје и М.С. (35) од кавадаречкото село Ваташа, кој управувал трактор.

Двајца возачи биле фатени зад воланот под дејство на алкохол. Кај Д.Б. (21) од Скопје биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, додека кај Ј.Г. (67) од Штип имало 1,77 промили.

— реклама —

Уште тројца возачи управувале возило и покрај активната забрана за управување. Тоа се З.С. (55) и И.С. (54) од Кичево, како и С.М. (58) од делчевското село Илиово.

— реклама —

Меѓу приведените има и малолетник од Неготино, кој управувал мотоцикл без возачка дозвола, а возилото било и нерегистрирано.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 8 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 8 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања