На 31.12.2018 година во 01,55 часот било пријавено дека на стариот пат Кадино - Миладиновци, кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.
Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешеки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот.