Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Возило се запалило по удар во кучиња и метални браници на патот Охрид–Кичево, возачот загинал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
kola-gori

Едно лице го загубило животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Охрид–Кичево, откако патничко возило излетало од коловозот и се запалило.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23:30 часот, кога возило „Хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.

— реклама —

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина за обдукција и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. Поради увидот, сообраќајот на магистралниот пат Охрид–Кичево бил пренасочен по регионалниот пат Охрид–Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тешка сообраќајна незгода кај мостот „Беласица“, автомобил удри во бетонската ограда

Скопје | пред 4 дена

media-library338aqv7tbj526zzci0A

(Видео) Сообраќајка меѓу автомобил и камион во Аеродром

Скопје | пред 1 седмица

media-library5d6f3f746bdn0Hga6Wf

(Видео) Сообраќајна несреќа после велешката патарина, превртен автомобил на автопатот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања